Историјат СИМ
    Сојузот на Извидниците на Македонија има долга традиција, уште од 1921 година. Во тогашна Македонија се формирани првите Стегови и тоа на територијата на Скопје, а во текот на 1923 год. и 1924 год. формирани се повеќе такви Стегови и тоа во Куманово, Штип, Битола , Струмица и Гостивар, а со самото тоа е фромиран и Вардарскиот Скаутски регион со с едиште во Скопје.Во почетокот од 1921 до 1940 година се споменува дека се организирани многу летни логори и школи а како една од најмасовните акции/активности во тој преиод е заведена и прославата на осумдесетиот роденден на основачот на Светското Скаутско Движење, лордот Роберт Баден Пауел.

За време на втората светска војна поради затекнатата ситуација престануваат сите активности на Скаутската организација во Македонија.
Во 1953 год. од страна на поранешни членови на на Скаутската организација се основа слична на неа но со нови име – Сојуз на извидници на Македонија. За прв Старешина на Сојузот е избран Васил Ѓоргов, а за негови заменици Божидар Ничота и Нико Този.По ова Сојузот работи на својата програма и организира републички смотри на секои две години, а на секои четири членоството на СИМ учествува на Сојузните смотри. За овој период исто така каракатеристичо е она што се остварени и првите меѓународни контакти со во 1959 год. и со белгиските Црвени Ѓаволи во 1960 год. кои престојувале во извидничкиот ценатар Охрид. По осамостојувањето на Република Македонија на 8-ми септември 1991 год. меѓународната соработка на СИМ е на завидно ниво, покрај соработката со Сојузот на извидниците на Југолсавија –СИЈ и сојузот на извидидниците на Словенија – ЗТС, плодна соработка е остварена со Сојузот на извидниците и извидничките на Баварија –БДП и со Шпанската скаутска федерација-АСДЕ.Во овој период по осамостојувањето СИМ ги остварува и првите контакти со Светската Скаутска организација , а се однесуваат на прием во WOSM ( Светска организација на извидничкото движење).Во тие три години додека се чекаше на прием, СИМ оствари повеќе активности од меѓународен карактер, а тоа беа: учество на Европската Конференција во 1995 год, 18 и 19-то Светско Џамбори во Холандија и Чиле, 34 и 35 Конференција на ЊОСМ, 10-от Светски Мут во Шведска во 1996 год.Не треба да се заборави учеството на голем број на извидници од СИМ и големиот број на школи и семинари одржани во Словенија, Кипар, Унгарија , франција и семинари и Школи одржани од страна на Европското скаутско Биро.

 


За овој период од развојот на извидништвото во Македонија значајно е да се напомене дека СИМ е еден од шесте организации под чија иницијатива се основа и Младинскиот Совет на Македонија, а денес најмасовна младинска оррганизација која брои околу 2000 членови, која што од ден на ден се зголемува.Членството кое се споеменува моментално е организирано во 15 одреди – единици ширум Македонија и многу нови иницијативи за нови одреди кои монетално се во процедура за исполнување на условите за полноправно членство во Сојузот на извидниците на Македонија.Во овие повеќе од 50 години на постоење СИМ има традиција на организирање на голем број на ориентациони и полигонски натпреварувања, семинари, школи за водачи , советувања, летни и зимски логорувања и многу други извиднички активности.Покрај активностите на СИМ и одредите ширум РМ организираат голем број на ориентациони натпреварувања , а неодамна и Школи за обука на кадри, а на нив приоритет им е работата, воспитувањето и едукација на младите членови.Овие активности се организираат во природа или пак  онаму каде што постојат извиднички центри како што се на Охридското Езеро во Охрид и Струга и ширум целата Македонија каде што се наоѓаат извиднички домови во планина,село или град.Голем датум во историјата на СИМ е 25 јули 1997 година кога Светската организација на Скаутското движење – WOSM соопшти дека Сојузот на извидниците на Македонија е примен за полноправна членка и дека е во алијансата на 146 –те земји членки на WOSM.