| Маскенбал по повод Ноќта на вештерките |
|
На ден 31.10.2009 година, по повод Ноќта на вештерките, во просториите на ИО "Браќа Миладиновци" - Скопје беше организиран маскенбал за извидните од категориите "развигорци" и "помлади извидници". Настанот го организираа ИО "Браќа Миладиновци" и ИПО "Галеб" од Скопје. ![]() На настанот учествуваа околу 70 извидници од двата одреди, од кои 40 беа од ИПО "Галеб". Забавата беше посетена и од неколку извидници од ИО "Димитар Влахов" од Велес. Иако беа поканети, на маскенбалот не учествуваа извидници од останатите извиднички одреди од Република Македонија. Во текот на денот, пред почетокот на забавата, извидниците ја покажаа својата креативност и направија повеќе украси на соодветната тема. Забавата започна во 20:30, а траеше до 23:00 часот. На забавата беше реализирана програма, која вклучуваше презентација на маските на учесниците, караоке шоу и лотарија. Маскенбалот помина без никакви проблеми, а сите учесници беа задоволни од неговата реализација. По завршувањето на забавата за помладите, беше реализирана забава и за постарите извидници. Повеќе фотографии од маскенбалот можете да погледнете во галеријата. |


