Ден со извидниците 2009

ИПО "Галеб" и оваа година го организираше традиционалниот настан "Ден со извидниците", настан кој одредот го организира три години наназад. Настанот беше реализиран во дворовите на двете училишта со чии ученици работи ИПО "Галеб" и тоа: на 23.09.2009 година во ОУ "Браќа Миладиновци" и на 25.09.2009 година во ОУ "Димитар Миладинов".


Целта на овој настан е целните групи преку интетресни активности од забавен, спортско-рекреатвен, култруно-научен и извиднички карактер да добијат основна слика за основите на извидништвото  и извидничкото движење, и да станат дел од него. На настанот беа реализирани голем број работилници и тоа: составување на сложувалка со амблемот на ИПО "Галеб", изработка на рози од салфети и сламки, импровизиран безбол, стрес тест, мини фудбалче, скаутбол, полигон на спретност, влечење со јаже, врзување јазли, цртање на табла со маркер со помош на кацига и други интересни работилници. Во училишните дворови беа поставени и извиднички логори со голем број патенти. На "Денот со извидниците" учествуваа речиси сите ученици од основните училишта во кои истиот беше организиран. Во организацијата и реализацијата на  "Денот со извидниците" беа вклучени најголемиот дел од членовите на Советот на водачи и Младинскиот клуб во состав на одредот. За време на целиот настан се одвиваше музичка програма. Програмата ја водеше  началникот на одредот, кој се покажа како мошне солиден водител. Настанот беше и медиумски покриен. Целиот настан беше квалитетно организиран, и не беа забележани никакви посериозни проблеми во текот на реализацијата. Покрај учесниците на настанот, свооето задоволство од неговата успешност го изразија и одговорните лица од двевте училишта, со кои ИПО "Галеб" многу години наназад негува односи на блиска соработка. Повеќе фотографии од настанот можете да погледете во галеријата.