Извештај од 24 Средби на извидници - Велес 2009
Во периодот од 6-8.09.2009 година, во организација на ИО "Димитар Влахов" од Велес се одржаа 24 Средби на извиднци. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци кој се наоѓа во истоименото село, општина Чашка.


На средбите учествуваа вкупно 13 екипи од повеќе извиднички одреди од Република Македонија. Извидниците се натпреваува во повеќе активности од областа на ориентацијата и топографијата, во согласност со пропозициите за РИОН. ИПО "Галеб" на средбите учествуваше со една екипа, а во текот на реализацијата средбите ги посетија уште неколку извидници од нашиот одред. Првото место на натпреварот го освои една од екипите од ИО "М.М.-Брицо" од Скопје. Екипата од ИПО "Галеб" го освои деветтото место на натпреварот. И покрај тоа што целиот настан беше замислен како мини смотра, со предвидени активности од типот на семинар за обука на старешини и началници и обука за пишување на проекти, поради малиот број на пријавени учесници за овие активноти, истите беа откажани од страна на организаторот. Што се однесува до организацијата на средбите, истата беше на солидно ниво, ниво кое ИО "Димитар Влахов" го одржува низа години наназад. Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете во галеријата.