Освоено второ место на 22 извиднички средби во Струга

Во периодот од 28-30.08.2009 година, во организација на ИПО "Крсте Јон" од Струга во извидничкиот центар во Струга беа реализирани 22 традиционални извиднички средби "Шмајзер 2009".

На средбите учествуваа вкупно 18 екипи од повеќе извиднички одреди од Република Македонија. Извидниците на средбите се натпреваруваа во повеќе дисциплини од од спортско-рекреативен, забавен и натпреварувачки карактер. Најголемиот дел од активностите се одржаа на Градската плажа во Струга, на брегот на Охридското Езеро. Како дел од културно забавната програма беше реализирано и караоке шоy, на кое извидниците од Македонија уште еднаш го покажаа својот музички талент. ИПО "Галеб" на средбите учествуваше со 15 извидници, кои се натпреваруваа во три екипи. Една од екипите од ИПО "Галеб" го освои второто место на натпреварот. Што се однесува до организациониот дел, може да се каже дека настанот беше организиран на високо ниво, а во текот на реализацијата не беа забележани посериозни проблеми. Убавото време уште повеќе прдонесе за одличниот помин на учесниците, кои максимално го искористија слободното време за уживање во благодетите што ги нуди градот Струга и Охридското Езеро. Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете во галеријата.