Ден со извидниците 2009

ИПО "Галеб" и оваа година го организираше традиционалниот настан "Ден со извидниците", настан кој одредот го организира три години наназад. Настанот беше реализиран во дворовите на двете училишта со чии ученици работи ИПО "Галеб" и тоа: на 23.09.2009 година во ОУ "Браќа Миладиновци" и на 25.09.2009 година во ОУ "Димитар Миладинов".


Прочитај повеќе
 
Извештај од 24 Средби на извидници - Велес 2009
Во периодот од 6-8.09.2009 година, во организација на ИО "Димитар Влахов" од Велес се одржаа 24 Средби на извиднци. Средбите се одржаа во извидничкиот центар Голозинци кој се наоѓа во истоименото село, општина Чашка.

Прочитај повеќе
 
Освоено второ место на 22 извиднички средби во Струга

Во периодот од 28-30.08.2009 година, во организација на ИПО "Крсте Јон" од Струга во извидничкиот центар во Струга беа реализирани 22 традиционални извиднички средби "Шмајзер 2009".

Прочитај повеќе
 
Јадрански Средби 2009
Во согласност со годишната програма за работа на одредот за 2008/2009 година во летниот камп во Чањ, Република Црна Гора, во периодот од 04-13.07.2009 година беше реализирано летување за развигорци и и помлади извидници под називот "Јадрански Средби 2009". Мотото на настанот беше "Уживај и пливај". На летувањето учествуваа вкупно 23 извидници од ИПО "Галеб".Иако беа поканети, а дел од нив дури и го најавија своето учество, на Средбите не учествуваа извидници од другите одреди од Република Македонија.
Прочитај повеќе
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Лист 2 од 2